LANABABY пелени за повеќекратна употреба
Еколошки и Економични пелени за Вашите најмили

Како родители внимаваме на нашето бебе да му го обезбедиме најдоброто за неговата кожа, за да остане мека и нежна. Купуваме витамински креми, козметики кои мислиме дека се најдобри, пелени кои го оставаат бебето подолго време суво, без притоа да размислиме што предизвикуваме со толку нанесени хемиски состојки врз толку нежна и чувствителна кожичка.

Најважниот и најчувствителен дел на бебето е токму интимниот дел.
Тој дел во денешно време е покриен со разни пластични пелени кои се составени од неприродни материјали како што се: пластика, петролеум, избелувачи, диоксин, вештачки мириси и сл.
Сигурно ова не ви звучи baby-friendly. Како што не се корисни за бебешката кожа така еднократните пелени не се корисни ниту за животната средина.
Токму поради овој факт, многу родители ширум светот, дојдоа до едно решение кое е бенефит за здравјето на нивните бебиња, а тоа е old fashion diapering, односно употреба на повеќекратни пелени. Повеќекратните пелени се пелени кои се перат и се модернизирани за разлика од тие кои ги употребувале нашите родители. Лесни се за употреба, ортопедски дизајнирани за широк повој, еколошки и на долг рок доста економични. Токму поради овој факт, сакавме да донесеме нешто различно, економично и еколошко како замена за еднократните пелени на нашиот пазар.

Зошто да користите ЕКО ПЕЛЕНИ?

Тие се Економични и Ви заштедуваат пари

Тие се поздрави за вашето бебе

Направени се студии каде се покажува дека хемиските емисии кои се наоѓаат во пелените за еднократна употреба може да предизвикаат проблеми со дишењето кај децата. Од друга страна пак пелените за повеќекратна употреба се безбедни и не содржат хемикалии кои би можеле потенцијално да наштетат на вашето бебенце. Вие сте тие што одлучувате што е најбезбедно и најудобно за вашите бебиња.

Имате избор – одберете го најдоброто!

Тие се подобри за животната средина

Според истражувањата направени од страна на Агенцијата за заштита на животната средина во САД, пелените за еднократна употреба се третиот најчест производ кој ја загадува нашата животна средина и се трупа во нашите депонии со години. Притоа не се распаѓа повеќе од 500 години.

Контактирајте не

nikola@anima.com.mk    •  (02) 2 784 084 •  ул. 1520 бр. 6 (Индустриска зона Пинтија), 1000 Скопје

2 + 5 =